Денес сме во посета на општина Јегуновце каде што предмалку се сретнавме со локалното население тука, дополнително ќе имаме состаноци со компании кои што работат во оваа општина.

Крајно сме разочарани од работењето на власта во рамки на општина Јегуновце, впрочем како што е и состојбата со сите општини во Македонија, меѓутоа она што е најзапрепастувачко во оваа општина е тоа што кога ќе се исклучите од автопатот кај Желино и кога ќе се возите кон Јегуновце, ќе забележите дека од двете стани на патот има депонии, кои се создава со години и за кои што изминатиов период никој не превзема ништо.

Сакам да споменам дека на последните локални избори власта на СДСМ ветуваше рехабилитација на регионалниот пат Желино - Јегуновце, меѓутоа забележуваме и самите дека воопшто, ниту 100 метри од патот не се рехабилитирани.

После парламентарните избори 2020 година, советот во општина Јегуновце, предводен од СДСМ и ДУИ донел одлука за затварање на единственото јавно комунално претпријатие кое што беше овде и до овој момент, оваа општина нема комунално претпријатие. И сега во услови на здравствена и економска криза имаме населние каде што не може да го исчисти отпадот, односно отпадот е расфрлан насекаде.

Градоначалникот на Јегуновце изминатиов период нема направено ниту една инвестиција, со исклучок на еден обид да кажеме на една инвестиција, а тоа е да почне да ја гради фекалната канализација. Ние сме денес точно во село Јанчиште каде што требало да започне таа инвестиција, како што реков имало некаков обид, почната е изградбата, но како што почнала изградбата така асфалтот кои што е ставен врз канализацијта е комплетно пропаднат. Оваа инвестиција која е многу поскапа, во одност на иста ваква инвеестиција која е направена од страна на друг градоначалник на друга општина која што функционира, за жал оваа инвестиција кажува само дека парите се злоупотребени, платени се цени многу повисоки од оние кои што се плаќале во минатото, а ефект нема никаков.

Во 21 век општина Јегуновце се соочува со проблем да нема вода, посебно во селата Ротинце, Копанце и Жилче особено во летниот период кога печалбарите доаѓаат тука. Ова е комплетно не прифатливо и комплетно разочарувачки во 21 век во една ваква општина под Шар Планина луѓето да се соочуваат со проблем да немаат основни услови за живот.

Верувам дека после локалните избори состојбата ќе се промени, затоа што и во минатото било така, а денес гледам и многу инвестиции од еден минат период кои што останале и траат.

После овие локални избори ќе добиеме градоначалник кој што ќе се грижи за населението и кој што ќе остави зад себе резултати, а не само еден обид кој што на крајот пропаднал и нема никакви резултати.