„Заевистан“ е државата во која власта се бори со криминалот дружејќи се со криминалците на ручеци и вечери.
По фотографиите кои протекоа во јавноста не е тајна повеќе дека Спасовски и Заев се во шема со бараните и избегани нарко босови. Во која друга држава криминалците и врвот на власта седат на една иста маса како Спасовски и Заев, само тука мафијата има своја држава.
Половина од дружината високи функционери на власт со безбедносни сертификати, а другата половина продавачи на дрога и бегалци од правдата е сликата на хибридниот режим кој за жал ја води оваа земја. Македонија благодарение на Заев е земја во која царува криминалот и корупцијата, не законите.
На Спасовски му се удри од глава „успешната акција“ за пи-ар заплената на дури 100 грама кокаин, а дел од лицата со кои тој и Вице Заев тераат софри магично побегнаа.
Транспарентниот Спасовски и извршителката Вилма Русковска сеуште молчат за скандалозните фотографии на кои функционерите на власта позираат на маса со бараните нарко босови и не и соопштуваат на македонската јавност кој од МВР ги информираше криминалците од Грчец и Арачиново за акцијата која се води против нив?
Министерството кое треба да ги штити граѓаните, да ја спроведува правдата и да го решава криминалот, Спасовски го претвори во дувло кое им служи на криминалците.
МВР е предмет на потсмев, а власта е вмешана во длабок криминал. Дали луѓето на Спасовски и Заев во МВР ги информираа криминалците дека има акција или тоа лично го направил министерот за внатрешни работи?
Картелот „Планина“ е уште еден доказ дека во Македонија го живееме највисокиот степен на хибридниот режим, каде власта како во мафијашки филм седи тет- а-тет со нарко босовите и тера бизниси.