Во фабриката за вода во Карбинци се монтира новата опрема, информира градоначалникот на таа Општина, Јордан Насев.

Овој капитален проект со вода за пиење ќе снабдува осум села. Населените места со вода за пиење ќе се снабдуваат од хидросистемот „Злетовица“. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека со изградбата на Филтер станицата се решава неколку деценискиот проблем на жителите на Карбинци, кои сега се снабдуваат со вода за пиење од локалните водоводи и бунари.

-Фабриката за вода, која се гради во нашата општина се финишира, во тек е монтирање на опремата за филтрација на водата. Чиста и здрава вода е основен услов за живот. Oпштина Карбинци добива инвестиција која ќе служи на многу идни генерации, вели Насев.