Продолжуваат зајакнатите контроли од страна на полциските службеници во однос на почитувањето на мерката за носење заштитна маска, како и ограниченото движење, од 22:00 до 5 часот наутро во општините Дебар и Центар Жупа.

– Што се однесува до почитувањето на мерката за носење заштитна маска, во последното деноноќие, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, полициските службеници констатирале 14 прекршоци, но ниту едно прекршување на одлуката за полицискиот час, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид,Стефан Димоски.

Тој посочува дека овој месец издадени се вкупно 166 прекршочни платни налози за неносење заштитна маска, додека од воведувањето на полицискиот час, регистрани се четири прекршувања за што се поднесени и соодветни пријави.

Токму непочитувањето на мерката за носење маска, според надлежните, е причина за повторното ширење на заразата со Ковид-19 на ова подрачје.