Дали причината поради која Заев инсистира по секоја цена да го прати Љубомир Фрчковски за амбасадор во ОН, човекот кој зад себе има низа на скандали и коруптивни афери, е тоа што тој заедно со Нано Ружин ја пишувале неговата номинација за Нобелова награда за мир, праша Александар Николоски во гостувањето на Телевизија Алфа.
- Дали Заев му должи на Фрчковски амбасадорско место, односно дали Заев му ветил дека ќе го прати за амбасадор во САД или ОН тогаш кога Фрчковски и Ружин му ја пишуваа номинацијата за Нобелова награда за мир а за која Заев летна во облаци и мислеше дека навистина ќе ја добие, праша Николоски.