Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Радио Лидер, вели дека министерот за здравство Венко Филипче единствено се грижи за својот личен рејтинг, но и дека целата состојба во здравствениот систем е во хаотична и дека во тој хаос некој прави пари.
Венко Филипче е човек кој што единствено се грижи за својот личен рејтниг и тоа го прави на пет начини. Првиот начин е што според моите информации од градот има две најскапи маркетинг агенции кои што работат директно за Филипче за неговиот личен рејтинг, а се платени од големи фармацевтски куќи со кои што тој има соработка. Вториот дел е што тој држеше пресови по два часа во најголемата криза кога луѓето беа најисплашени, не затоа што многу му беше гајле да ги кажува дневно починатите, примените во болница итн, туку затоа што си градеше рејтинг на месија, наместо да седне и да го менаџира системот. Можел да нарача вакцини уште во октомври, ноември месец. Сега ова е нова тактика, носење на доктор кои имаат личен кредибилитет за да го покријат неговиот некредибилитет, затоа што се гледа дека неговиот рејтинг е паднат во последните месец и се тој носи доктори кои имаат своја тежина, авторитет, докторката Милена Стевановиќ, докторот Докиќ, и тој ги зема сега со себе и на емисии и на пресови за да го покрие својот недостаток на рејтинг, смета тој.
За препукувањата помеѓу Пендаровски и Филипче, Андоновски вели дека не е сигурен дали се работи за ПИ-ар стратегија или пак Пендаровски сака да си ги испере рацете од владата на СДСМ.
Не сум сигурен дали ова е ПИ-ар настан, борбата помеѓу Венко Филипче и Стево Пендаровски за да ние не мислиме дека се уште вакцини во Македонија нема, за вакцинирање на поширокиот аудиториум и дека вакцини владата се уште не набавила затоа што овие што се дојдени се донација од КОВАКС системот и другите наши партнери. Значи дали ова е пи-ар игра да ние сега три дена дискутираме кој што му рече, па кој ставил лајк, па кој искоментирал, или станува збор за нешто а тоа е дека се обидува Пендаровски да си ги испере рацете од оваа влада и ова е веќе вториот потег кој што го прави. И ова е втор потег кој што го прави, тој вели јас ви помагам вас не ве бива да донесете вакцини, вие сте срам, а првиот беше јас не се сликам со криминалци, туку тие случајно сум ги сретнал на некоја средба, митинг, додека вие седите на маса со истите тие или со полоши ликови, рече Андоновски.
Тоа е суштинскиот проблем нема менаџирање на кризата, има тотален хаос внатре во системот. Не знаете кој е одговорен, не знаете која болница ќе работи, не знаете каде има кревети слободни. Едно време беа виновни граѓаните, дека касно се пријавувале во болница, како тоа да зависи од граѓанинот кога ќе отиде во болница, а не зависи од системот кој треба да го земе од првото заразување и да го води до излекувањето. Имате преку 20 изјави на министерот за вакцини кога и од каде ќе дојдат, вие имате лага не само што министерот кон јавноста ја пратил, туку ја пратил и во влада во која што рекол јас потпишав договор со Фајзер, а таков договор немате. Целата состојба која ни се случува е хаотична, и мислам дека во тој хаос некој прави пари, нагласи Андоновски.