Денеска сме во посета на Ресен, еден крај од Македонија којшто е преубав, со многу природни убавини, за жал со многу дадени ветувања, а никаква реализација на истите.

Гледаме еколошка катастрофа со езерото коешто е позади нас, многу ветувања дадени, многу грижа од страна на експерти, од локална заедница, но никакво решение на проблемите. Ветен е нов граничен премин „Маркова нога“, но исто така нема ни збор за отворање на тој граничен премин којшто ќе значи многу за економијата и за севкупниот развој на целиот овој регион. Продолжуваат проблемите со откупот на јаболкото, постојано исто така Владата дава голем број на ветувања, но никакви конкретни решенија за проблемите на граѓаните.

Затоа сме дојдени тука за да разговараме со граѓаните на овој крај за да видиме кои се предизвиците со кои се соочуваат, но и да видиме кои се решенијата коишто ќе треба да се понудат не само од централната власт, доаѓаат локални избори. Очигледно ова е уште една општина на која и е потребен нов градоначалник, којшто ќе се грижи за своите граѓани којшто ќе се грижи за овој преубав крај во Република Македонија и токму во таа насока ние продолжуваме со интензивна агенда да слушнеме од граѓаните што е тоа што треба да се направи.

Доста е од лажни ветувања, доста е од проекти на хартија и на зборови, време е за конкретни решенија за огромниот број проблеми со кои се соочува не само оваа општина туку и целата држава.

Новинарско прашање: Пола година езерото е оставено без концесионер и може да се видат трактори во езерото и мрежи кои по стотина метри се што ќе најдат риба црпат и кој знае каде завршува?

Одговор: Евидентна е оваа еколошка катастрофа која што му се случува на ова езеро. Истовремено сите знаеме дека постојат институции кои што треба да постапат и треба да дадат решение. Ова е еден синдром на севкупното владеење кое што го имате во Македонија. Ветувања дека многу работи ќе се направат, а на дело вие само опишавте дека дел од тековните проблеми кои што се случуваат. Негрижата за ова езеро, за овој крај е нешто што се случува во последните години и за жал неспособноста да се понудат решенија, веројатно ќе ја влоши состојбата, нема да ја подобри. Така што на што се должи? Се должи на незаинтересираност, и немање на капацитет на нудење на решение на проблемите.