Четири години СДСМ на власт, четири години Ѓорче Петров заборавена општина. Троецот Заев, Шилегов и Наумоски ја уништи општината Ѓорче Петров и безмалку да нереализираше ниту еден проект во изминативе четири години. Нема ништо од оние блескави ветувања во скапоплатените програми, кои што на крајот излегоа само едни брутални лаги, од кои што граѓаните на Ѓорче Петров не добија ништо.
Па така нема поврзување на „Илинденска“ со Ѓорче Петров, нема зелен влез на Ѓорче Петров, нема ни низа други проекти кои што оваа власт ги ветуваше, а не ги оствари.
На Ѓорче Петров веќе насушна му е потребна промена, на Ѓорче Петров му е потребна власт која што ќе вложува во него, власт која што ќе гради и власт која што ќе ја развива нашата општина.
ВМРО-ДПМНЕ сака да гради, ВМРО-ДПМНЕ сака да се вложува во Ѓорче Петров и ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го направи.
Заедно со Вас во наредниот период ќе успееме да ја промениме оваа власт и да донесеме една нова енергија и еден нов начин на раководење на општината Ѓорче Петров.