Не се мешаме во конфузијата во СДСМ, не е наш проблем околу дилемите дали од СДСМ протекуваат документи.
Тоа е проблем на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, кој наместо да си ја врши пред се државната работа шеташе за Дубаи, исто како и Рашкоски кој беше во Мексико.
Проблем е што СДС го девалвираше процесот на вакцинација. Од СДСМ во изминатиов период видовме и слушнавме многу.
Видовме како секретар на болница, кој е правник во институција, се вакцинира преку ред, а како доктори заради тоа одат со соседни држави да примат вакцина.
СДСМ функционира по принципот прво партијата, па државата и тоа неколку пати до сега сме го виделе на дело.