Протест против срамот и неспособноста на Заев и Филипче! Оставка Филипче, организира Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
- Зоран Заев и Венко Филипче се причината за големиот беој на заразени и починати од КОВИД 19 од 1 јануари до денес. Заев и Филипче не обезбедија вакцини.
Наместо вакцини, Заев и Филипче тргнаа по провизии. До толку се криминогени, што и од вакцини сакаат да земат провизија.
И додека тие се мислат како да профитираат, Србија и земјите од соседството се лидери по имунизација.
Условите се толку лоши што пациенти лежат до починати лица, други примаат инфузија во двор на болница, а трети не можат да дојдат на ред да влезат.
Со Заев и Филипче Македонија ја проголта срам.
Сабота 11.30 часот пред министерството за здравство.
Да кажеме не за лошите политики и губењето животи, соопштија од партијата.