Хибридниот режим за кој што пишуваше Економист е во полн сјај. Заев вршел притисоци врз правосудството и новинарите потврдуваат извештаите на Стејт Департментот, Заев е потонат во криминал.

Залудни се обидите на СДСМ да го испере срамот за извештајот на Стејт Департментот.

Заев врши притисок врз правосудните органи и влијае врз независната работа на новинарите и медиумите и тоа го потврдија од САД.

Четири години откако Заев е на власт немаме ниту еден пример на случај против функционер на СДСМ, напротив имаме смешни објаснувања дека се е според закон. Па така за нив не е криминал набавката на Рашковски на сопствениот софтвер, ниту пак туцето со пари на Ден Дончев, не е криминал ниту милионскиот Рекет, ниту пак се друго што се случуваше во Македонија.

Токму затоа ќе бидеме посочувани од сите меѓународни институции и нивните извештаи во поглед на криминал и корупција.

Заев е потона до гуша во криминал и корупција, а за тоа нема одговорност.

Имаме десетина примери на новинари кои што беа предмет на закани и уцени, и монтирани случаеви против нив само затоа што се “дрзнале“ да обелоденат скандал за Зоран Заев и неговите луѓе.

Извештајот на Стејт Департментот е уште еден доказ дека во Македонија нема да има правда, ред и поредок се додека Зоран Заев е на власт