И еден милион соопштенија да напишат од штабот на СДСМ нема да го исперат срамот, тагата и трагедијата дека се виновни за смртта на близу 4.000 наши сограѓани.
Сите починати од 1 јануари до денес одат директно на совеста на Зоран Заев и Венко Филипче, кои не набавија вакцини кога целиот регион и остатокот од светот тоа го правеше.
Земјите од регионот, но и светот се сочуваат со пад на бројот на заболени и починати и пандемијата почека згаснува, затоа што поголем дел од популацијата имаат вакцинирано.
Денеска сме 4 април а Заев има добиено повеќе вакцини како донација, отколку што самиот има набавено.
Да не е добрината на соседна Србија немаше да можеме да ги вакцинираме ниту здравствените работници во Ковод центрите.
Срамно и жално.
Заев и Филипче мора да се свестат, велеа дека ќе имаме 2.000 заболени во текот на целата пандемија, а сега имаме по 3.000 заболени за два дена.
Имаше недостаток на клексан и инвермектин.
Народ примаше инфузии во болнички дворови.
Живи пациенти лежеа до мртви.
Жена умре во болница затоа што немаше кој да и даде кислород.
Луѓе се вакцинираат преку ред затоа што имаат врски со власта.
Системот е пропаднат и за тоа одговорни се Заев и Филипче.
Одговорност ќе има и од тоа нема ништо да ги спаси.