Поранешниот пратенил од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на својот фејсбук профил ги искоментира изборните резултати од денешните избори во Бугарија.

Тој вели дека со ваква распределба на силите во Парламентот, Македонија ќе почека за решавање на спорот со Бугарија а по автоматизам ќе почека и за започнување на преговори со ЕУ.

- Кратки и брзи впечатоци за ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ (неофицијални) во Бугарија и нивните импликации кон Македонија...

Проблемот кој го имаме со Бугарија нема да почне да се решава уште долго време...

Резултатите на изборите во Бугарија ќе создадат повеќе проблеми од решенија...

1. Досегашната Влада повеќе нема мнозинство во Парламентот на Бугарија.

2. Каракачанов повторно влегува во Парламентот.

3. Втора по број на гласови е листата на Слави Трифунов, кој по своите ставови не е ништо подобар кон Македонија од Каракачанов.

4. Не е возможна Влада во која не би бил барем еден од двајцата "големи" Бугари, Каракачанов и Трифунов.

5. Возможно е воопшто да не се формира Влада и Бугарија повторно да оди на избори.

6. И да се формира некаква Влада, таа нема да има концентрирана политичка моќ за да направи компромиси кон Македонија.

Заклучок: Ќе почекаме за преговори...

Оставки!, коментира Димовски.