Прелиминарна истрага ќе спроведе Обвинителството во Солун за забавата организирана во саботата во дворот на солунскиот Универзитет, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Локалните медиуми од Солун објавија видео и фотографии и пишуваа дека учествувале околу 1.000 лица, откако во саботата попладне во дворот на Универзитетот се собрале друштва млади лица, а импровизирана забава траела во текот на ноќта, иако од 21 часот е полициски час во цела Грција.

Обвинителството треба да истражи дали евентуално биле прекршени превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и да ги пронајде организаторите.