Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска објави лажни вести во кои го обвинува Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски дека бил дел од наводен огромен коруптивен скандал со пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан.

Меѓутоа ако се погледне извештајот на ЕУ може да се заклучи дека истиот е со највисоки оценки на мониторинг мисијата во Азербејџан.

Дополнително Костадинов обвини дека во интервуто на Герлад Кнаус бил споменат и Николоски но од самото интервју може да се забележи дека тоа никаде не се споменува.

Интересно е тоа што оваа прес-конференција на Костадинов доаѓа на денот кога на суд потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски требаше да го „испрашува“ Зоран Заев во врска со случајот Рекет.

Николоски пак денеска истакна дека станува збор за комплетна невистина и ноторна лага и дека самата ЕУ највисоко без забелешки ја оценила работата на мисијата во Азејберџан.

- СДСМ падна многу ниско и мора да измислуваат работи, бидејќи не знаат поинаку, а клеветат како нарачка од причина што Заев нема одговори на моите прашања, поврзани со рочиштето, изјави Николоски.

Тој потенцира дека овие обвинувања на СДСМ се класична монтировка бидејќи неговото име никаде не се споменува во интервјуто на Гералд Кнаус, на кое СДСМ се повикува и посочи дека со вакви клевети СДСМ ги навредува и меѓународните институции како што е Советот на Европа.

– Она што можам да го кажам е дека јас бев потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, највисока функција која што било кој пратеник од Македонија било кога ја имал, сум бил член на бројни мониторинг мисии во соседството како Бугарија, БиХ, Азербејџан и бев шеф на оценска мисија, за референдум од 2016 година, мисија која имаше тешка задача таму, но извештајот го усвои целокупното Парламентарно Собрание на Советот на Европа, и истиот беше цитиран од страна на ЕУ и ЕК што говори за кредибилитетот. Се друго се инсинуации и измислени работи и треба да почнат да внимаваат затоа што навредуваат врвни европски политичари и институции од типот на совет на Европа каде што Македонија е членка. СДСМ треба да се малку повнимателни заради меѓународниот углед на Македонија, истакна Николоски.