Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил реагира на информациите од МВР дека партијата направила саботажа на акцијата за фалсификуваните документи кои им биле издавани на балкански криминалци.
- Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4 години. Токму оваа акција ја запчона Наќе Чулев, што значи дека претходните 3 години тие ги преспале, а после министерувањето на Чулев тие продолжиле да молчат за криминалот на мафијата.
Требаше ВМРО-ДПМНЕ да одржи брифинг за да има акција, во која по добро познат метод, а со цел да се скрие врвот на власта, настрадаа административни службеници.
Треба да престанат да ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и да одговорат кој е тој службеник кој на мафијашки бос самоволно ќе му издаде пасош? Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај некој обичен службеник во МВР за да вади пасош?
Живи се фатени во мафијашки скандал. Ако имаме обвинителство, сега треба да се одважи и да реагира, коментира Мицкоски.