Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ја искоментира денешната нова црна ковид статистика.
- 51 лице починато поради Корона, а Заев вели не чувствувал одговорност. А, ако не е ваша, чија е?
Гробиштата се полни, душите празни. Оваа бројка ќе беше помала да имаше навреме вакцини. Но, провизиите им беа поважни. Оставка за мафијашката власт, а потоа одговорност и нормализација.
Секој според заслуженото, за народот спокој и можности, за криминалците одговорност.
Нема бегање!, напиша Мицкоски.