Мислим Дурмишоски е млад човек кој денес истрча скоро четириесет километри во чест на 17 години од постоењето на Центарот за одвикнување од зависности во кавадаречкото село Конопиште. Трчаше од Конопиште до центарот на Кавадарци.

-Благодарам што ми овозможивте да се вратам во живот и денес во знак на благодарност и почит кон тимот на „Нарконон Балкан”, за сите оние кои се ослободени од дроги, оформиле свое семејство , се вработиле , постигнале други значајни успеси. Не има многу кои сме ја завршиле оваа програма, на сите нив им го посветувам овој денешен настан и на најдобриот тим во Конопиште, како роденденски подарок, вели Дурмишоски.

За 17 години, Центарот во Конопиште, како што за МИА информира директорката Александра Јокиќ, има регистрирано 189 лица од различни држави во светот, кои ја посетувале нивната нарконон програма. Најголем дел од нив засекогаш се ослободиле од зависноста.