Младите од Делчево ќе се едуцираат како да го идентификуваат сајбер насилството при онлајн комуникцијата. Активноста ќе се реализира преку проект на здружението Подготвеност за Европа, кој финансиски е поддржан од Американската амбасада во Скопје.

-Проектот ќе се спроведува со „Сајбер Лило“ едукативна онлајн игра наменета за тинејџерите на возраст од 12 до 18 години. Целта на играта е тинејџерите да научат како да ги идентификуваат главните ризици и закани при онлајн комуникацијата и како да ги спречат или да се справат со нив доколку се случат, информираа од дветолетката „Св.Климент Охридски“ која е едно од 10-те училишта во државата во кои ќе се реализира проектот „Сајбер безбедност на стари лица и тинејџери“.

Поради потребата од заштита при онлајн комуникацијата во учебната 2020/21 на часовите, како што додаваат воспитно -образовните работници, се почеста тема е токму сајбер насилството.

-Конкретно, во нашето училиште „Ванчо Прке“ реализиравме повеќе предавања на оваа тема, во чии рамки учениците самите изработија, дискутираа и презентираа со Power Point презентации на тема, „Што е сајбер насилството и како да се заштитиме од него”, како и презентацијата „Електронските уреди и нивната негативна страна”, истакнаа од ООУ „Ванчо Прке“.

Според планираното, до крајот на учебната година предвидени се повеќе едукативни активности на оваа тема со опфаќање на повеќе ученици од двете училишта.