Општина Гевгелија денеска огласи на продажба 11 градежни парцели на државно земјиште од кои десет ќе бидат наменети за изградба на станбени куќи и една за станбена зграда.
Пет од парцелите за станбени куќи, со површина од 292 до 424 метри квадратни, се наоѓаат во населбата Моински пат а останатите пет, со површина од 319 до 537 квадрати, во населбата Караорман потврдија од секторот за урбанизам на општина Гевгелија и соопштија дека почетната цена за нив е 61 денар за метар квадратен.
Парцелата за станбена зграда, со површина од 1454 метри квадратни се наоѓа во населбата Моински пат во Гевгелија. За неа почетната цена на наддавањето изнесува 2570 денари за метар квадратен.
Последните рокови за пријавување на заинтересираните купувачи истекуваат на 18 мај за станбените куќи и на 31 мај за колективната зграда, а аукциите по електронски пат ќе се одржат на 20 мај и на 2 јуни.