Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски упати честитка до жителите во општината со муслиманска вероисповед кои денеска го прославуваат празникот Рамазан Бајрам.
-Во духот на празникот, им посакувам да продолжиме да градиме соживот да ги почитуваме и негуваме различностите, обичаите, културата и традицијата, затоа што само така ќе живееме во слога и разбирање и ќе бидеме пример за идните генерации. Ви посакувам добро здравје и успех во животот и нека ви е честит Рамазан Бајрам, порача Коцевски.