Активисти на хуманитарното здружение „Чинар Турк“, од Валандово, по завршувањето на рамазанскиот месец, денеска по повод празникот Фитр Бајрам делеа пакети со храна и алишта на социјално загрозените семејства.
Велат дека со почитување на сите протоколи од Министерството за здравство и понатаму ќе бидат присутни на терен и ќе помагаат таму каде што има потреба.
-Сметаме дека во животот треба да подадеме рака и да им овозможиме на сите други да живеат со хумани стандарди, велат од здружението.
До 10 мај годива, хуманитарците од „Чинар Турк“ им подале рака на 1200 семејства од општините Валандово, Дојран, Струмица, Василево, Радовиш и Демир Капија.