Во регионалниот вакцинален центар во Битола почна ревакцинација на лицата кои претходно се вакцинираа со вакцината Фајзер.
Организирано и со меѓусебна соработка на здравствените власти и логистика од претставници на армијата и Црвен крст, граѓаните непречено се ревакцинираат, а паралелно се одвива и процесот на имунизација со вакцината Синофарм, која досега во пунктот во Битола ја добиле 9.589 лица.
Регионалниот вакцинален центар во Битола е сместен во спортската сала на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, каде освен солидни услови за вакцинација има и паркинг за возила, клупи за одмор и други погодности.