Водостоите на поголем дел од реките во земјава се пониски од просекот за мај и речиси кај сите има благо намалување на нивото во споредба со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Повисок водостој од вчерашниот имаат само реките Лепенец, Струмица и Радика на мерните места кај Скопје, Ново Село и Бошков Мост.
Природните езера, пак, имаат исто ниво како вчерашното, со тоа што само водостојот на Дојранското Езеро е повисок од повеќегодишниот просек за овој месец и тоа за 2,79 метри. За разлика од него, нивото на Охридското Езеро е за 19 сантиметри пониско од просечното, додека на Преспанското е пониско за 1,61 метар иако за 10 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.