Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Занаетчиската Комора Агрон Фазлији, денеска потпишаа Меморандум за соработка, за остварување на активна соработка и размена на информации, со цел создавање на меѓусебно партнерство во насока на креирање на поволно деловно опкружување.
Потпишаниот Меморандум, според Димитриевски, ќе овозможи поттикнување, поддршка, но и логистика во спроведувањето на сите облици на соработка од заеднички интерес.
-Соработката ќе ја унапредуваме и во остварувањето на национални, регионални и меѓународни проекти, потенцираше Димитриевски.
Соработката ќе се заснова на принципите на одговорност, транспарентност и меѓусебно информирање.