Комуналното претпријатие „Турија“ во соработка со Општина Василево ги исчисти речните корита и пороите во населените места Пиперево, Василево и Градошорци, а деновиве се чисти и поројот во селото Сушево.

Од пороите и речните корита се отстранува наталожениот материјал и израснатата вегетација.

-Со чистењето обезбедуваме нормално и непречено течење на водата во секави временски услови со што спречуваме излевање и предизвикување штети, дури и во услови на обилни и поројни врнежи, информираше директорот на ЈПКД „Турија“, Зоран Ѓорѓиев.

Според него, чистењето на поројот во селото Сушево треба да заврши денеска, а потоа комуналците од Василево ќе продолжат со чистење на каналите, коритата и пороите во другите населени места во општината.