Во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, во Едукативниот центар во Пехчево денеска беше одбележан 21 мај – денот на Натура 2000, најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја.

Нуредини истакна дека Mинистерството во соработка со Македонско еколошко друштво и национални експерти преку Програмата за зачувување на природата спроведува низа активности во Источно-планскиот регион поврзани со Натура 2000 процесот преку идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од европско значење.

– Овој крај е познат по тоа што луѓето живеат во баланс со природата. Сметам дека токму заштитените подрачја можат да донеста бенефит на локалното население и да ги задржат младите на де се иселуават во странство. Ние како Министерство ќе продолжиме д работиме на развојни политики и програми и да спроведуваме активности за заштита и зачувување на природата. Тоа подразбира и хармонизирање на Националното законодавство со ЕУ директивите и регулативите особено со директивите за живеалишта и птици кои се однесуваат на Еколошката мрежа, Натура 2000, рече министерот за животна средина и просторно планирање.

Мрежата на Натура 2000 претставува еколошка мрежа на заштитени подрачја воспоставена во сите земји на Европската Унија, а амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада, зборуваше за значењето на воспоставување на оваа мрежа на патот кон Еу, па оттаму според неа се наметнува и потребата и јавноста да биде информирана за истата.

– Важно е луѓето да живеат во хармонија со природата и околината. За наше добро и за доброто на младите генерации и нивната иднина, ние мораме да ја почитуваме, заштитуваме и зачувуваме природата што е можно повеќе и во исто време, да обезбедиме социјална и економска корист за локалното население. Тоа е можно само ако ги здружиме силите и ги посветиме нашите напори за здрава животна средина, подобар живот на граѓаните и посветла иднина на младите генерации, изјави Тејада.

Каја Шукова, претседател на управниот одбор на ПЗП истакна дека врз основа на научна проценка за присуство на живеалишта, растенија, животни и птици од европско значење, дел од Малешевските планини веќе е идентификувано како потенцијално подрачје за Натура 2000 мрежата.

– Тоа претставува додатна вредност „за природата и за луѓето” и можност за заштита и зачувување на природата одржлив развој на локалните заедници, изјави Шукова.

Градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски потенцираше дека настанот не случајно се организира токму на локлаитетот кој е одо осбено значење за значењето на Натура 2000 и локалниот развој.

– Се наоѓаме на неколку километри од локалитетот Еленско Блато и сливот на Пехчевска река кои се дел од предложеното подрачје за Натура 2000: Малешевските планини како ретки шумски тресетишта. Верувам дека Натура 2000 ќе придонесе кон промоција на природното богатство во Малешевијата, а истовремено ќе биде од корист, и за локалните жители кои ќе можатр да ги применуваат одржливите практики во земјоделството, шумарството но истовремено ќе се икористат и условите за развој не еко-туризмот и одржливо користење на природните ресурси, рече Тренчовски

Настанот го организира Министерството за животна средина и просторно планирање со поддрѓка на Програмата за зачувување на природата и е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка координиран од Фармахем.