Низ Холандија синоќа трета ноќ по ред избувнаа немири во неколку градови каде полицијата се судри со голем број демонстранти кои предизвикаа пожари и фрлаа камења изразувајќи незадоволството поради мерките против ширење на Ковид-19.

Според холандскиот државен медиум „НОС”, кој се повикува на извори од администрацијата, баровите, рестораните и продавниците ќе работат до 19 часот најмалку во следните три недели.

Од граѓаните ќе се бара да работат од дома, а публика нема да има на спортски настани. Училиштата, театрите и кината остануваат отворени.

Владата на Марк Руте ќе ја донесе конечната одлука во текот на денот, а новите мерки ќе ги соопшти на телеви иско обраќање во 18 часот.

Рапидно расте бројот на заразени во Холандија, откако на крајот на септември беа укинати рестриктивните мерки за социјална дистанца, а вчера беше регистриран рекорден број заболени од околу 16.000.