Рускиот претседател Владимир Путин синоќа соопшти дека примил трета доза од вакцината против Ковид-19. – Го направив тоа пред два часа, рече Путин на снимките што ги емитуваше руската државна телевизија „Росија 24“ и додаде дека било безболно.
„Денеска по ваша препорака и препорака од вашите колеги примив уште една вакцина – ‘спутник лајт’“, рече Путин на средбата со Денис Логунов, заменик директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
Путин изјавил дека се чувствува добро по вакцинацијата, пренесоа руските агенции.
Рускиот претседател во јуни годинава откри дека ја примил вакцината „спутник в“, потсетува „Ројтерс“.