Туниските безбедносни сили пресретнале и вратиле 223 мигранти кои се обиделе илегално да преминат преку Средоземното Море во Европа.
Портпаролот на локалната жандармерија Хусамедин ал Џабабли изјави дека синоќа во водите на Медитеранот на Тунис биле пресретнати девет обиди за илегална пловидба кон Европа, пренесе агенцијата Анадолија.
– Во акциите фатени се вкупно 223 мигранти кои се предадени на надлежните истражни органи на Тунис, меѓу кои има 111 државјани на Тунис и 112 државјани на други африкански земји, рече Ал Џабабли.
Медитеранските води на Либија и Тунис се најчестиот поморски пат за африканск ите мигранти кои во потрага по подобри услови за живот се обидуваат да стигнат до Европа.
За многу мигранти тој пат е смртоносен.