Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека Европска Унија одбива да разговара за судбината на 2.000 мигранти кои се блокирани во Белорусија, а сакаат да заминат во Европа.
Западот ја обвинува Белорусија дека ги привлекува идните мигранти, првенствено од Блиски Исток и ги носи до границите на Полска и на Литванија, ветувајќи им лесен премин. Минск ги негира таквите наводи и ја критикува ЕУ дека не прифаќа мигранти.
– Очекувам ЕУ да одговори на прашањето за 2.000 бегалци, истакна Лукашенко.
Тој додаде дека германската канцеларка Ангела Меркел му ветила дека прашањето ќе биде решено н ниво на ЕУ.
Лукашенко наведе дека европските претставници одбиле каков било контакт на оваа тема, и покрај барањето на белорускиот министер за надворешни работи.
– Мора да побараме од Германците да ги прифатат мигрантите, посочи Лукашенко.
Минатата недела Лукашенко и Меркел двапати разговараа по телефон за мигрантската криза.