Кавадарци ќе спроведе акција за отстранување на неправилно поставени возила и земјоделска механизација на коловозите и тротоарите, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
– Локалната самоуправа ги известува граѓаните дека почнувајќи од 10 февруари, ќе спроведе акција за отстранување на неправилно паркирани моторни возила и приклучна земјоделска механизација, од коловозите и тротоарите, согласно одлуката за комунален ред, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Оттаму посочија дека во текот на денешниот ден, поделени се известувања до жителите од повеќе улици во градот.
– Во наредните денови дополнително ќе има известување и за жителите од останатите улици. Доколку не се постапи по известувањето во горенаведениот рок, за истото ќе се изготви решение за отстранување, а отстранувањето ќе се изврши од страна на надлежната пајак служба, а трошокот ќе падне на товар на сторителот на прекршокот. Покрај тоа, ќе биде изречена глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, согласно член 43 од Законот за комунални дејности, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Притоа додадоа дека целта на оваа акција, e чисти тротоари и поголема безбедност, за сите учесници во сообраќајот.