На Одделот за гинекологија и акушерство во Општата болница во Охрид денеска тим лекари-специјалисти изведоа сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија кај пациентка со двојни мочоводи.
Од Општата болница во Охрид појаснуваат дека утерусот кај пациентката бил енормно наголемен и целосно туморозно променет. Пациентката пред повеќе од 20 години имала царски рез што дополнително го комплицирало зафатот, а предоперативно, за овозможување на сигурно изведување на оперативниот зафат, кај неа биле поставени уретрални сонди.
Оперативниот тим што го изведе зафатот што траел повеќе од два часа бил предводен од спец. др Мимоза Влаши и спец. др Горан Балевски, заедно со спец. др Јован Недевски, спец. др Александар Јовановски, сестрите Милена Типовска, Јасмина Ончева и Милена Стојкоска и болничар Наташа Младеновска.