Во дебарскиот поширок регион се зголемува бројот на нови случаи заразени со Ковид-19, но и на оние на кои им е потребен болнички третман, потврдуваат надлежните.
-Во Ковид центарот во нашата установа моментно хоспиталзирани се пет пациенти, дел од нив со кислородна поддршка, додека шестмина се на дневна терапија, што подразбира доаѓаат, добиваат соодветна терапија, малку одмараат и заминуваат во нивните домови. Активни на болеста се 25 лица, изјави за МИА, Баки Алили директор на Општата болница со проширена дејност, која со својата активност ја покрива и Општина Центар Жупа.
Според официјалната статистика на Министерството за здравство, во двете општини, од почетокот на пандемијата до вчера регистрирани се 1.517 позитивни случаи.
Од вкупната бројка 14 се потврдени овој, а педесетина минатиот месец. Според надлежните тој број е поголем, бидејќи за лекарска помош се јавуваат оние кои се со потешки симптоми.