Улиците од т.н. прв и втор приоритет, утврдени во програмата на зимската служба на Општина Битола во текот на ноќта и утрово се исчестени од новиот снег кој синоќа падна во градот.

Зимската служба е функционална и со цел погон, посочуваат од локалната самоуправа, а чистењето на снегот продолжува на останатите улици во градот.

-Во текот на ноќта се чистеа најфрекфентнте сообраќајници, улиците од прв и втор приоритет, односно оние кои водат до важни јавни објекти, училишта и детски градинки, индустриската зона и други делови во градот. Во текот на денот општинските јавните претпријатија со механизација ќе ги чистат улиците во повисоките зони, тесните улици, тротоари, старата чаршија, како и патеките во зелените пазари, соопштија од Општина Битола.

Од Општината апелираат граѓаните непотребно да не ги користат своите возила, туку јавниот превоз кој непречено се одвива, и доколку ги користат да не ги паркираат на улиците со што се попречува активноста на зимската служба која продолжува со чистење на снегот.

Новиот снег кој падна на планината Баба ќе ја продолжи скијачката сезона на Копнаки и Нижо Поле