Проект вреден околу два милиони денари целосно е реализиран во електро-машинското училиште во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Станува збор за проект, во чии рамки е извршена промена на сите лед светилки во средното општинско училиште „Ќиро Спанџов-Брко”.