Дритан Бакали и официјално е нов командир на Полициската станица од општа надлежност при Одделението за внатрешни работи во Дебар.
-Решение потпишано од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, добив во петокот доцна попладне, а денес ми е првиот работен ден на оваа функција. Убеден сум дека дадената доверба ќе ја оправдам и задно со останатите мои колеги ќе бидеме на ниво на задачата. Очекувам соработка и од моите ценети сограѓани, рече Бакали за МИА.
За нов командир на седница на Советот на општина Дебар, оджана на 1 февруари, беа разгледани три предлози доставени од Спасовски, а Бакали доби едногласна поддршката.
Роден е во Дебар 1972 година. Тој е дипломиран правни, а во Министерството за внатрешни работи, ОВР-Дебар, е од 2007 година. На новата функција доаѓа од позицијата инспектор за пограничен криминал.
Бакали доаѓа на местото на Аргетим Војника, кој во јуни минатата година беше наименуван за началник на ОВР-Дебар, кое со својата активност ги покрива оваа и соседната општина Центар Жупа.