Општина Кавадарци денеска апелираше, земјоделците да внимаваат при горење на отпадот од нивите за превентивно да се спречи појавата на пожари.
– Овие денови, кога обработката на земјоделските површини е во најголем замав, апелираме на зголемена претпазливост, совесно и одговорно однесување, особено при палење на гранките на лозовите и овошните насади, бидејќи и најмало невнимание може да биде причина за пожар со катастрофални последици по здравјето на луѓето, природата и животната средина, стои во апелот од кавадаречката локална самоуправа.
Општината потсетува дека во изминатиот период се случувало да се предизвикаат пожари, токму од горење на лозови и овошни прачки, по нивната резидба во лозјата и овоштарниците.