Прилепските комуналци го користат времето и денеска се во акција на чистење околу и во комплексот за рекреација кај вештачкото езеро.
Се чисти во и околу Спортско-рекреативниот комплекс со генерално чистење на паркинзите, на пешачките патеки, детските игралишта, спортскиот терен, но и околу комплексот. Се собира расфрланиот комунален отпад, но и старите исушени шипови, капини и смреки.
Од прилепското јавнокомунално претпријатие предупредуваат да не се фрла отпад, посебно помладите, а особена е опасноста за граѓаните при прошетки низ комплексот.
Апел е да не се фрла отпадот, особено искршени стаклени амбалажи и сиот отпад да се одложува во корпи и во контејнери.