Планинарски марш во должина од 14 километри, со крајна точка до месноста Желевица во село Тработивиште, организираше денеска планинарското друштво Голачка Срна.
-Сите планинари без потешкотии ја поминаа маршрутата која изобилуваше со живописна природа во околината на селото Тработивиште, информираше претседателот на друштвото Фиданчо Златковски.
Планинарскиот марш, додаде, е една од првите активности на друштвото во 2022 година.
-Маршрутите вообичаено се по лесни патеки, имајки предвид дека голем дел од нашето членство се пензионери, кои иако се во своето трето доба, покажаа дека имаат кондиција, рече Златковски.
Следната планинарска тура на Голачка Срна е закажана за почетокот на март 2022 година.