Општина Неготино започна активност за санација на пристапниот пат до земјоделско-обработливо земјиште до месноста „Солена вода“.

Станува збор за тампонирање на овој доста фреквентен и користен од населението патен правец во должина од 700 метри и ширина од 3 метри на потегот од мостот до самата локација на „Солена вода“. Активноста се реализира со финансиски средства обезбедени од Вардарскиот плански регион во висина од 700.000 денари.

Со оглед на констатираната состојба на терен, се апелира до граѓаните кои се упатуваат до земјоделските површини и до месноста „Солена вода“ да не фрлаат отпад со што се нагрдува сликата на овој патен правец.