Со „Ден на идеи” во Делчево продолжува иницијативата за заживување на планината Голак. Активноста е дел од заложбите на Гоце Попов, претседател на делчевскиот Совет, кој упати јавна покана до сите заинтересирани на отворениот „Ден на идеи” што оваа сабота (26.02.2022) ќе се одржи во Спомен дом АСНОМ во Делчево.
-Целта на овој „Ден на идеи за Голак” е низ отворен разговор да можеме да ги искажеме нашите идеи и мислења за заживување на нашата планина. Поканет е секој еден граѓанин кој има идеја за враќање на сјајот на нашиот единствен и незаменлив бисер, истакна Попов.
Во изминатиов период како дел од оваа иницијатива како што додаде има остварено контакти со голем број на заинересирани Делчевчани, кои работат ширум светот и несебично се нудат да дадат свој придонес во развојот на иницијативата.
-До мене како иницијатор веќе се доставени и идеи и видувања на наши сограѓани кои ке ги пренесам во целост на собирот. Сметам дека ваквиот начин на дебата и заедничко барање на решенија за проблемите ќе придонесе за подобра комуникација и интеракција меѓу нас, како и инклузивност на секој граѓанин во општеството, додаде Попов.
Почетокот на средбата е најавен за 12 часот во салата на Спомен Домот АСНОМ во Делчево.