Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами денеска на прес-конференција со видео презентација даде отчет за сработеното во првите 100 дена. Според него, транспарентноста, отчетноста, одржливиот стратешки развој и ефективноста при работа,се главните столбови на владеењето во изминатите повеќе од три месеци, што биле ветени пред граѓаните на избори.

– Оваа заложба за еден модерен град за сите, за рамноправен и перспективен град, оди преку ветувањата исполнети во 100- дена од нашето владеење со општина Тетово, во сите оние проблематични точки, кои веќе добиле решенија или се во фаза на конечно реализирање. И покрај многуте тешкотии, огромниот долг и наследениот хаос, полека, едно по едно ги исполнуваме ветувањата во овие 100 дена. Со многу труд и посветеност остваруваме општината да ја сместиме во други координати на работење, успеваме да најдеме одржливо решение за сите тие проблеми таложени низ годините, рече Касами.

Тој истакна дека е горд што во рок од 100 дена се понудени решенија за повеќе проблеми.

-Тоа се решенија кои ги имавме зацртано како приоритети за овој период, секогаш верувајќи дека секој наш чекор кон исполнување на ветеното значи подобар живот за сите граѓани на Тетово. За ова време се обидовме да дадеме се од себе за да ги исполниме ветувањата, но и да ја структурираме и ефектуираме нашата визија за отворен, кооперативен, солидарен град и пред се за град развиен со соодветни стандарди. Секако, сакаме да останеме реални и посветени цело време на оваа заложба да и ги дадеме нашите нови импулси, бидејќи проблемите се многубројни и бараат непречена работа, максимална посветеност, безброј соработки за да се создаде потребната рамка за одржлив развој, истакна Касами.

Тој посочи дека и во иднина ќе има посветеност и обидот за добро и транспарентно владеење за гарантира одржливиот развој во иднина.