Општина Кавадарци редовно ги чисти дивите депонии на нејзината територија.

Како што информираше, Димитар Радњански, раководител на службата „Мој општинар” при локална самоуправа, во моментов се чисти депонијата кај село Марена.

– Континуирано ги чистиме дивите депонии, уште на почеток кога се создаваат. Овој месец регистриравме 12 новонастанати диви депонии. Ги исчистивме тие кај Глишиќ, Дреново, спомен костурницата, Силекс зградите, над чемпресите на излезот од Ваташа, се чисти кај Марена. Значи шест исчистени диви депонии. Следната недела ќе се исчистат и останатите шест, појасни Радњански.

Тој најави и други проекти на ,,Мој општинар”, кои имаат за цел подобар живот во општината Кавадарци.