Многу отпад, трње, шипови и камен околу поранешниот мотел кај прилепското вештачко езеро денеска чистеа прилепските комуналци, продолжувајќи ја акцијата за чистење околу езерото.
Се чистеше околу распаднатиот мотел, а воедно се чистеше и се рамнеше теренот на потегот под паркинг-просторот од Спортско-рекретивниот комплекс „Езеро’’.
Токму во Комплексот претходно се чистеше и се апелираше на совесноста на граѓаните. Со оглед на тоа што околината кај вештачкото езеро е познато излетничко место, комуналците и во наредниот период етапно ќе продолжат со чистење на околината за овој излетнички комплекс да остане чист и да биде здрава животната средина.
Од прилепски „Комуналец“ го засилуваат апелот до граѓаните да ги користат контејнерите за отпад, поставени на неколку локации, како и корпите за отпадоци, за да помогнат во заложбата за здрава и чиста животна средина.
Во текот на овој зимски период, ЈКП „Комуналец“ исчисти и преку 10 диви депонии со градежен шут и отпад од периферијата од градот и во депонијата Алинци се оставени повеќе од 1000 кубни метри отпад.