На иницијатива на најстарото економско издание во Бугарија „Капитал“, денеска ќе се одржи бизнис состанок со бугарската Влада. Тоа ќе биде 16 година по ред и ќе се одржи во „ Софиски технички парк“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, централна тема ќе биде кризата во Украина и последиците за Европа и Бугарија.
На средбата ќе се разговара за плановите и стратегијата на Владата за управување со ризици, ефектите врз бугарската економија и бизнис, можностите за раст во променетото политичко и економско опкружување, приоритетите и безбедноста во клучните сектори „Иновации“, „Инфраструктура“ и „Транспорт“ како и енергетската стратегија на Бугарија: од ценовната криза до независноста и декарбонизацијата.
На конференцијата ќе учествува бугарскиот премиер Кирил Петков, министерот за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов, министерот за транспорт и врски Николај Сабев, министерот за Иновации и раст Даниел Лорер и министерката за правда на земјата Надежда Јорданова