Европската унија треба да усвои нова заедничка одбранбена стратегија за блокот „да може да застане“ во одбрана на другите земји-членки на ЕУ, изјави германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

„Важно е да се испрати овој јасен сигнал“, рече Ламбрехт во понеделникот пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ за да се разговара за предлог-политиката, пренесува ДПА.

Според Ламберт Европската унија мора да ги разгледа опциите во блокот и НАТО за земјите-членки на ЕУ да дејствуваат заедно во одбраната.

„Оваа заедничка цел ќе биде потребна не само во наредните месеци, туку и години“, рече Ламбрехт.