Висок претставник на разузнавањето на НАТО изјави дека знаците укажуваат на застој во војната на Русија против Украина.

– Ако веќе не сме во пат позиција, брзо се приближуваме кон тоа. И тоа е прилично добро да се каже кога ќе се земе предвид разликата во силата кога почна оваа борба. Нема да дојдете до оваа точка ако не сте направиле серија грешки, истакна функционерот за новинарите за време на брифингот во седиштето на НАТО.

Тој нагласи дека застојот е особено опасен со оглед на тоа што „Русија прибегна кон употреба на помалку прецизно, побрутално оружје против цивилни цели“.