Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби денеска изјави дека САД разговараат со други држави за да и обезбедат на Украина „видови одбранбени системи кои вклучуваат воздушна одбрана со долг дострел“.

– Ова се активни консултации, посочи Кирби.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин минатата недела ги посети Словачка и Бугарија, откако присуствуваше на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Си-ен-ен претходно објави дека САД преговараат со Варшава, Словачка да и достави на Украина противвоздушно оружје С-300.

Не е најавен никаков договор меѓу Словачка и САД.