Лидерите на земјите од ЕУ имаат намера да формираат „фонд на доверители“ за Украина со цел по руската инвазија да и помогнат да со обновата по војната, се вели во нацрт-документот во кој имал увид Франс прес, пренесува Гардијан.

Лидерите од 27-члениот блок ќе се сретнат в четврток во Брисел на дводневен самит фокусиран на справување со последиците од нападот на Кремљ врз Украина.

„Имајќи ги предвид уништувањата и огромните загуби што ѝ ги донесе на Украина воената агресија од Русија, Европската унија е посветена да обезбеди поддршка на украинската влада за нејзините итни потреби и, откако ќе престане рускиот напад, за обнова на демократска Украина“, се вели во нацрт-заклучоците за средбата.

„За таа цел, Европскиот совет се согласува да формира Фонд за солидарност на Украина и повика на подготовките да почнат без одлагање“.

Нацртот, за кој сè уште се преговара, не дава дополнителни детали за планираната големина или работа на фондот.

ЕУ веќе договори 1,2 милијарди евра за итно финансирање за помош на украинските власти.